Rss Feed
Tweeter button
Facebook button
Technorati button
Reddit button
Myspace button
Linkedin button
Webonews button
Delicious button
Digg button
Stumbleupon button
Newsvine button

Месечна архива за февруари, 2014

GB-CARDRW10B – Читач на мемориски картички

Преполна ви е камерата со слики, мора да ги префрлите некаде?

…..Повеќенаменски USB читач на мемориски картички, со модерен, естетски дизајн. Содржи USB кабел кој придонесува за поголем комфор и флексибилност во користењето. Идеален додаток за сите дигитални камери, MP3 плеери, мобилни телефони или PDA.

Модерен и практичен USB читач…Ако мемориската ви е постојано полна, едноставно изпразнете ја!

Карактеристики:

  • подржани се следниве типови на картички:
  • SD / SDHC / SDXC / Микро SD / SDHC / SDXC / T-Flash / XD / MS / M2 (MS) / CF / MicroDrive серии
  • напојување преку USB, вклучен кабел 2.5cm
  • компатибилен со: Windows 2000, XP, Vista, 7, 8 и MAC OS
  • USB 2.0 подржува брзина до 480Mbps
  • едноставно и брзо поврзување

.

  • производител: Goobay (DE)
  • гаранција: 6 месеци
  • цена: 395.00 ден со ддв
  • производот е достапен онлајн

повеќе…

повеќе од иста категорија…

KN-WS106 – Метеоролошка станица

Немате метеоролошка станица и затоа често сте изненадени од времето?

…..Оваа метеоролошка станица покажува внатрешна температура и влажност на воздух како и дата и време. Исто така има функција на календар и аларм со “snooze” функција.

Одличен начин да бидете секогаш подготвени за временските услови.

  • производител: Konig (NL)
  • цена: 580.00 ден со ддв
  • производот е достапен онлајн

повеќе…

повеќе од иста категорија…

SZ-U8GKEY – USB флеш меморија

Сакате да подарите нешто уникатно и корисно?

…..USB флеш меморија во форма на клуч. Едноставно поврзете ја на слободен USB порт на вашиот компјутер и ќе биде препознаена како надворешна меморија. Може да ја носите насекаде со вас, а со тоа и сите ваши омилени слики, музика, филмови и други документи ќе ви бидат достапни во секое време.

Наш предлог за подарок!

Секоја модерна девојка би се израдувала…

Карактеристики:

  • капацитет: 8GB
  • USB 2.0
  • димензии: (55×125x55)mm

.

  • производител: Satzuma (NL)
  • гаранција: 6 месеци
  • цена: 1,224.00 ден со ддв
  • производот е достапен онлајн

повеќе…

повеќе од иста категорија…

ARD-DUE – Arduino Due

Запознаени ли сте со целата програма на Arduino?

…..Arduino Due е развојна плочка базирана на Atmel SAM3X8E ARM Cortex-M3 CPU микроконтролер. Таа е првата Arduino плочка базирана на микроконтролер со 32-битно ARM јадро. Има 54 дигитални влезно/излезни пинови (од кои 12 може да се употребуваат како PWM излези), 12 аналогни влезови, 4 UART порти (хардверски сериски порти), 84MHz такт сигнал, USB OTG конекција, 2 DAC (дигитално/аналогни конвертори), 2 TWI, конектор за напојување, SPI хедер, JTAG хедер, тастер за ресет и тастер за бришење.

…..Плочката содржи се што е потребно за да го поддржи микроконтролерот; едноставно поврзете го со компјутер преку micro-USB кабел или вклучете го на AC/DC адаптер или батерија и можете да почнете. Due е компатибилен со сите Arduino околини кои работат на 3.3V и е во согласност со 1.0 Arduino pinout-от.

Arduino Due сигурно ќе се вклопи во некоја ваша идеја.

Започнете со реализација!

Карактеристики:

  • микроконтролер: AT91SAM3X8E
  • дигитални I/O пинови: 54 (од кои 12 овозможуваат PWM излез)
  • аналогни влезни пинови: 12
  • аналогни излезни пинови: 2 (DAC)
  • Flash меморија: 512KB целосно достапна за кориснички апликации
  • SRAM: 96KB (две банки: 64KB и 32KB)
  • брзина (такт): 84MHz
  • работен напон: 3.3V
  • влезен напон (препорачан): 7-12V
  • влезен напон (гранични вредности): 6-16V
  • максимална DC излезна струја на сите I/O линии заедно: 130mA
  • максимална DC струја за пинот за 3.3V: 800mA
  • максимална DC струја за пинот за 5V: 800mA

.

  • производител: Arduino (IT)
  • цена: 1,555.00  ден со ддв
  • производот е достапен онлајн

повеќе…

повеќе од иста категорија…

HE-CLOCK-35 – Радио часовник

Целата соба на вашето дете е автомобилска?

…..FM радио часовник во форма на автомобил со аларм функција, тајмер за исклучување и „snooze“ функција. LED дисплејот е со голема видливост и лесен за читање.

Овој автомобил лесно ќе го разбуди вашето дете.

Затоа ставете го во неговата соба!

Карактеристики:

  • FM/ Радио
  • дигитален приказ
  • часовник и аларм
  • боја на броевите на дисплејот: црвена
  • електронска контрола на глас
  • напојување: 230V
  • материјал: пластика

.

  • производител: Balance (NL)
  • гаранција: 6 месеци
  • цена: 1,355.00 ден со ддв
  • производот е достапен онлајн

повеќе…

повеќе од иста категорија…

P.SUP.USB2048 – USB адаптер за во автомобил

Многу време поминувате во автомобилот?

…..Мини адаптер за напојување за во автомобил со две USB порти, кој лесно можете да го поврзете во приклучокот за запалка. Претставува идеално решение за напојување на разни USB уреди како мобилни телефони, MP3 плеери и слично со интегрирана батерија.

Искористете го максимално времето.

Напојувајте ги уредите додека возите и никогаш нема да останете без батерија!

Карактеристики:

  • LED индикација
  • влезен напон: (12-24)V-DC
  • излезен напон: 5V-DC
  • струја: 1000mA
  • димензии: (20×20x45)mm
  • тежина: 35g

.

  • производител: Skross (DE)
  • гаранција: 6 месеци
  • цена: 865.00 ден со ддв
  • производот е достапен онлајн

повеќе…

повеќе од иста категорија…